Тетовец паднал од скеле високо седум метри на бетонска подлога

Од:

Тетовецор М.А. (21) паднал од скеле високо околу седум метри, додека проверувал како се одвиваат градежните работи на кровна конструкција и се здобил со тешки повреди на главата и на телото. Настанот се случил вчера и во 13.10 часот во полициската станица во Тетово го пријавил Ш.Н.(32) од село Џепчиште, сопственик на фирма за изведување на градежни работи на кровни конструкции со лим.

Тој пријавил дека од страна на М.А.(21) од Тетово, бил ангажиран да изведува градежни работи. Додека работеле на кровната конструкција на објектот, М.А. се качил на кровот за да ја надгледува нивната работа и во еден момент додека разговарал на мобилен телелефон, од невнимание згазнал на стара лесонитна табла која се скршила, при што истиот паднал од висина од околу седум метри на бетонската подлога.

Од страна на екипа од Итна медицинска помош повредениот со амбулантно возило бил пренесен во клиничката болница во Тетово и по укажаната лекарска помош поради сериозноста на повредите кој ги имал во пределот на главата и телото бил префрлен во Ургентен Центар -Скопје.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Тетово.  

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски