Објавен уште еден список на Грци кои имаат офф-шор сметки

Од:

Објавен е уште еден список со имиња на 97 Грци и 134 кипарски Грци кои поседуваат офф-шор сметки во филијала на британската банка ХСБЦ на островот Џерси, наведува весникот „Етнос“.

Станува збор за нов список, сличен на познатиот „список Лагард“, кој предизвика политичко цунами во Грција. „Списокот Лагард“ содржи имиња на лица со големи сметки во филијала на истата банка, но во Женева, осомничени за корупција и даночни злосторства.

Новиот список со Грци е обезбеден од банкарски службеник и во него се појавуваат над 4.500 меѓународни клиенти на банката, повеќето од кои се Британци.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски