OJO нареди нови анализи и вештачења за смртта на Крпач

Од:

Основното јавно обвинителство (ОЈО) и покрај завршената обдукција на Коста Крпач, доцна синоќа издало наредба за нови дополнителни анализи, пренесе 24Вести.

– ОЈО изврши координација и консултација со Институтот за судска медицина и крим-техниката и даде наредба за вршење нови анализи, со цел подобро расветлување на случајот – велат од Обвинителството за 24Вести.

Доцна синоќа се огласи и Кривичниот суд, кој прво објави едно соопштение во кое пишува дека во април, Специјалното јавно обвинителство (СЈО) побарало претрес во домот на осомничениот К.К, а кратко време подоцна објави ново соопштение во кое беше избришан зборот „осомничен“.

Денеска од судот велат дека се работело за техничка грешка во првото соопштение.

Би можело да ве интересира

ОЈО води истрага за проневера и перење на над 2,2 милиони евра – првоосомничен е сопственик на фирма од Кучевиште

А1он

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

Резултатите за квалитетот на гостиварската вода ќе бидат готови утре

Петмина скопјани се под истрага на Обвинителство – ја поддржуваат идеологијата на ИСИС

А1он

ОЈО бара притвор за Богоев, осомничен е дека примил мито од над 111.000 денари

А1он

ИЈЗ: Очекуваме Обвинителството да ги разгледа забелешките од ревизијата