Ѓорческа полуфиналистка на фјучрсот во Маниса

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Маниса, Турција што се игра за награден фонд од 10.000 долари. Нашата тенисерка денеска ја победи Тереза Коларова од Чешка со 2:0 во сетови.

Двата сета Ѓорческа ги доби со 6:2 во гемови и притоа искористи 4 од 15 брејк топки, додека Коларова имаше 0/1. Мечот траеше 65 минути.

Утре во полуфиналето нашата тенисерка ќе игра против Наташа Бредл од Австрија, која денеска ја победи осмата носителка Петија Аршинкова од Бугарија со 2:1 во сетови. Бредл се наоѓа на 1007.место на ВТА листата и Ѓорческа која е прва носителка на турнирот ќе ја има улогата на фаворитка во полуфиналето.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ