Северна Кореја денеска по вторпат се обиде и се чини не успеа да лансира нов балистички проектил од среден дострел, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана.
Функционер на министерството изјави дека верува дека Северна Кореја утринава, околу 6.40 часот, од местото Вонсан, на источниот брег, лансирала проектил „Мусудан“, јавија француските медиуми, не наведувајќи го името на функционерот.
Проектилот „паднал за неколку секунди по лансирањето, така што се верува дека лансирањето било неуспешно“ рече функционерот за француските медиуми.