М.М. (25) од Охрид вчера е пронајдена мртва во стан на улицата „Владимир Комаров“ во Скопје, а пред станот, на скалите, е пронајден починат и П.Ц. (36).
Како што соопшти полицијата, М.М. е пронајдена во 6:30 часот. Увид извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за утврдување на причините на смртта.