Борјан Ефтимов, еден од приведените од протестите по 8 дневниот притвор, сега доби и плус 30 дена домашен притвор.
Се огласи неговата мајка, која напиша:
Почитувани пријатели, Можете “мирно” да ги прославите празниците што претстојат бидејќи еден од “најголемите” криминалци во нашата кутра земја денеска (после изречениот 8 дневен) доби уште 30 дена домашен притвор, односно забрана да се оддалечува и да го напушта домот каде живее.
За оние кои не знаат, се работи за мојот првороден син, Борјан Ефтимов (не Бориан, и не Афтимов како што го пишуваат куририте).
Оваа мерка му е изречена заради учество во толпа во одбрана на демократијата и слободата, дело кое тој во целост го признава и за кое по добиената покана за разговор во полициска станица самиот се јави. Уште лани додека се бореше за правата на средношколците беше етикетиран и уценуван. Сега, како студент на Правниот факултет Јустинан први во Скопје, кога се залага за еднаквост и правичност на сите граѓани во татковината, на диктаторскиот режим многу му пречи.
Мојата гордост, мојот син, е воспитан во духот на слободната мисла и демократијата. Му ја ограничуваат слободата на движење, но не можат да му ја ограничат иднината и младоста, не можат да му ги скршат крилјата и не можат да му го исперат мозокот. Тој има доволно љубов и поддршка од семејството и пријателите и многу ја сака родната земја, и затоа ПРОТЕСТИРА. Бидејќи е чесна, нормална и изградена личност која во секој момент знае што сака и каков живот сака да живее, јас многу го ценам и на сите од се срце ви посакувам да одгледате такви деца и внуци.
п.с.На сите оние кои се прават дека живеат на Месечината и се задоволуваат со турски серии и празни кафе муабети среќни празници, а останатите освестени хулигани и хулиганки, се гледаме секој ден во 6 пред СЈО.
Нема правда нема мир