По повод 28 април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа денеска Македонското здружение за заштита при работа организира тркалезна маса на тема „Несреќи, повреди и смртни случаи при работа во Република Македонија“.
Годишниот извештај на несреќи, повреди и смртни случаи при работа во Македонија за 2015 година изработен од Македонско здружение за заштита при работа на тркалезната маса ќе го презентира претседателот на здружението, Милан Петковски.
На дебатата најавено е учество на претставници од сите релевантни институции во Македонија, кои ќе имаат излагања во врска со состојбата на безбедноста и здравјето при работа во Македонија.