Ѓорческа се пласира во четвртфиналето на фјучрсот во Маниса

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да избори пласман во четвртфиналето на фјучрсот во Маниса, Турција што се игра за награден фонд од 10.000 долари. Таа денеска во мечот од второто коло ја победи Керстин Пекл од Австрија со 2:0 во сетови.

Двата сета нашата тенисерка ги доби со 6:3 и 6:4 во гемови, а мечот траеше 74 минути.

Противничка во четвртфиналето ќе и биде Тереза Коларова од Чешка, која денеска беше поуспешна од Елени Данилиду од Грција (6.та носителка) со 7:5 и 6:2 во гемови. Коларова има 18 години и се наоѓа на 1.271 место на ВТА листата.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ