ВИДЕО: Центар и Шиченг, Пекинг потпишаа договор за соработка

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и градоначалникот на областа Шиченг од Пекинг, Н.Р. Кина, Ванг Шаопенг, потпишаа договор за соработка. Ова, рекоа двајцата градоначалници, е историски ден и почеток на значајна соработка.

„Ние сме прв пат во Македонија, среќни сме и благодарни што имаме можност да ја посетиме општина Центар. Многу ни значи соработката со градоначалникот Андреј Жерновски, бидејќи на овој начин се воспоставува и поголема соработка меѓу двете држави“, рече градоначалникот на областа Шиченг, Ванг Шаопенг.

„Ова не е само протоколарна посета. Ова значи почеток на едно големо пријателство и соработка на полето на економијата, образованието и културата. Се договоривме да инвестираме во иднината и затоа, следната посета ќе биде со децата од двете општини“, рече градоначалникот Жерновски.

Средба Жерновски - Шаопенг (2)

Градоначалникот на општина Центар посочи дека во овој мандат, приоритет се става на децата и затоа, наместо изградба на нова административна зграда, се изгради нова градинка во Капиштец и ќе започне градењето на најсовременото основно училиште во регионот. Во убавините и функционалноста на градинката “Кочо Рацин“ се уверија и гостите од Кина, а за нив децата изведоа пригодна програма.

Двајцата градоначалници ја отворија и изложбата на фотографии на тема “Антички Пекинг, шармантниот Шиченг“.

Средба Жерновски - Шаопенг (7)

Шестчлената делегација од општината е во дводневна официјална посета на општина Центар, а во придружба е и амбасадорот на Н.Р. Кина во Македонија, Н.Е. Вен Женшун.  Во рамките на посетата, беше посетена и винаријата “Камник“, каде градоначалникот на областа Шиченг, Ванг Шаопенг запиша,“Го оставам моето срце во овој град“.

Областа Шиченг е централна општина во Пекинг и е административен, културен и политички центар. Во оваа општина се и седиштата на Владата и сите државни институции. Областа Шиченг има богата меѓународна соработка, со 19 градови и општини од Европа, САД, Азија и Океанија.

Средба Жерновски - Шаопенг (10)

Гостите од Шиченг не ја криеја возбудата и задоволството од посетата на Македонија и на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски најави нова градинка, двосменско работење на градинките, бесплатни оброци за ученици и два нови покриени базени

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев

Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца

Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Горан Наумовски

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар