Во 15 сообраќајки во Скопје повредени 14 лица, „пајакот“ отстранил 47 возила

Од:

Вкупно 15 сообраќајни незгоди се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на град Скопје, во кои се повредени 14 лица, од кои едно се стекнало со тешки телесни повреди, а во седум е констатирана материјална штета.

Како што информира за МИА главниот инспектор Сашо Дамјановски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.

Четворица возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, четворица возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, шест возачи поминале на црвено светло на семафор и четворица возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Санкционирани се и 12 пешаци кои сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 47 возила.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава