ФРОДЕМ: Партизираното судство и селективната правда срам за државата

Од:

„Подигнатите обвиненија и изречени казни мерка домашен притвор за дел од учениците во „Шарената револуција“ по којзнае кој пат го покажаа вистинското лице на послушниците во македонското правосудство. Судиите и обвинителите по којзнае кој пат се ставија во улога на слепи извршители на партиската врхушка. Истите овие одработувачи на власта не покажаа ваква ажурност и строгост и беа тапкани по рамо од нивните налогодавци кога не побараа, и не прифатија, мерка притвор за сторени тешки кривични дела од страна на лица учесници во злосторничко здружување.

За споредба и после две години сеуште не е јасно до каде е постапката за хулиганите кои ја демолираа бараката на општината „Центар“. Тогаш, за потсетување Министерството за внатрешни работи не приведе никого, а излезе со соопштение во кое небулозно наведе дека немало основ да им забрани на „граѓаните“ да го искажуваат својот „револт“. Тогаш, хулиганството, нападот и прекинот на работата на орган на локалната власт, МВР го оцени како право за искажување на граѓански револт.

Исто така, послушниците досега не осудија ниту еден навивач на спортските екипи кои секоја недела на натпреварите кинат и палат државни симболи, а укинувањето на мерките притвор за обвинетте во случајот ,,Транспортер” е доказ повеќе за контролираното судство.

ФРОДЕМ прашува дали со вакви судии и обвинители ќе бараме влез во ЕУ? Дали не е дојдено време за коренита реформа на правосудсниот систем и негово ослободување од ваквите личности залутани т.е намерно инфилтрирани во правосудството. Сегашниот начин на функционирање на судството и обвинителството се најболната точка и срам за нашата државата и затоа ФРОДЕМ ќе побара одговорност за секое пречекорување и несовесно извршување на службата за сите ученици во овие злодела“, соопштуваат од ФРОДЕМ – Фронт за демократска Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска