Две елиминации за Јотовски на фјучрсот во Унгарија

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски претрпе два пораза на стартот на фјучрсот во Сегед, Унгарија.

Во поединечна конкуренција Јотовски во првото коло загуби со 2:1 во сетови од Романецот Василие Антонеску. Нашиот тенисер го доби првиот сет со 6:4 во гемови, а потоа ги загуби следните два со 6:3 и 7:5. Мечот траеше 2 часа и 53 минути. Јотовски од Антонеску беше поразен и на претходниот фјучрс во Унгарија.

Во игра на двојки тој и Никола Чачиќ од Србија елиминирани се од вторите носители полските тенисери Камил Мајчрак и Грегор Панфил со 2:0 во сетови.

Од македонските тенисери во квалификациите играа и Горазд Србљак (настапот го заврши во 3.коло од квалификациите) и Драган Думевски (настапот го заврши во 1.коло од квалификациите).

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ