Две станбени згради се срушија денес во Конверзано, град во југоисточниот дел во Италија, при што засега три лица се водат како исчезнати.
Зградите се срушија по експлозијата предизвикана од истечен гас. Во моментот на несреќата едната од зградите била празна, а другата била населена од туристи.
Три члена на едно холандско семејство засега се исчезнати, а уште десет други се повредени.
„Не можеме да ја исклучиме можноста дека во несреќата има жртви“, изјави градоначалникот на Конверзано, Џузепе Ловашио, додавајќи дека помеѓу повредените има и едно дете.
Експозијата се случила во источниот дел на градот.