Не оптоварувајте ги најмладите со проблемите на возрасните

Од:

 Ако децата растат во негативна средина ќе бидат мрачни и песимистички луѓе, затоа што тие секогаш ги следат примерите во семејството. Заради тоа е важно да им бидете позитивен пример, дури и тогаш кога ви е многу тешко.

Децата сакаат да бидат во друштво на позитивни и насмеани луѓе, а од мрачните се плашат и се повлекуваат.

Едно истражување покажа дека децата, кои растат во негативна средина и самите тие ќе станат песимисти, затоа што пред се се угледуваат на нивните родители, баби и дедовци, потоа на наставниците и врсниците.

Доколку сте вие негативни и секој ден им приредувате „мрачни сцени“, а не ведро лице, таквиот модел и детето ќе го присвои. Заради тоа е важно да им бидете позитивен пример, дури и тогаш кога ви е многу тешко.

– Нека ја запомнат вашата насмевка додека ги будите наутро и го испраќате во училиште.

– Не дозволувајте ситниците да ги растажат. Објаснете му дека ништо не е црно-бело и дека во се постои убавина и причина за насмевка.

– Кога ќе се вратат од играње или училиште, прашајте ги прво што им се случило убаво, наместо веднаш да го „оптоварите“ со прашања дали биле добри.

– Опкружете ги со позитивни луѓе, затоа што тоа добро ќе влијае врз нив на формирањето на оптимистички поглед на животот.

– Ако се тажни, утешете ги и објаснете им дека утре е нов ден и нова шанса за насмевка. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска