Притвор за српски државјанин осомничен за обид за криумчарење мигранти

Од:

На магистралниот пат Гевгелија–Скопје, во непосредна близина на село Удово, вчера во 03,40 часот од страна на мешовит патролен тим, во возило „Опел Вектра“ со српска национална ознака биле пронајдени 15 мигранти од Авганистан.

Како што денеска соопшти МВР, возилото на даден знак со ротационо светло за запирање од страна на полицијата ја зголемило брзината и продолжило со движење во правец на Демир Капија. Од страна на полициските службеници, возилото е проследено и во близина на Демир Капија, во близина на бензинската пумпа на „Мак Петрол“, возачот го запрел  возилото и се дал во бегство. При контрола на возилото било констатирано дека регистарските ознаки не одговараат на истото, а во внатрешноста на возилото се откриени 15 лица-мигранти од Авганистан.

Во непосредна близина на реката Вардар во близина на железничката пруга, стои во соопштението, било забележано лицето кое го управувало возилото, при што е лишено од слобода. Се работи за Н.С.(1995) од Р.Србија со српска лична карта. Против него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, со која е предаден на судија од чија страна му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Пламна пожар на границата меѓу Србија и Хрватска – гореше шума и ниската вегетација

ВИДЕО: Зеленски пристигна во Белград

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Пекол во Србија: Изгоре маж

Горан Наумовски

Македонец фатен на српски граничен премин по меѓународна потерница од Грција

А1он

ВИДЕО: Аларм во Србија, Унгарија најави исклучување на нуклеарка поради екстремно ниското ниво на Дунав