ЛДП: Да запрат политичките апсења

Од:

Да престанат политичките апсења. Ова е пораката која сакаме да ја упатиме до режимот на власт, како крајно неприфатливо и насиличко однесување во оваа фаза на политичката криза во државата. Обидот да се приведуваат граѓани, активисти и борци за слобода и демократија е кукавички чин и јасно го покажува стравот кај оној што апси, од револтотот и незадоволството на граѓаните на Македонија.

Ваквото практицирање на власта само го потврдува криминалниот и авторитарен карактер на власта, која треба да знае дека револтот е толку голем, а причините за протестите толку јасни, што ваквите нарачани апсења можат само да ја засилат борбата за слобода и демократија, за владеење на правото и за еднаков третман на сите пред законот.

Затоа Либерално-демократската партија апелира да се престане со приведувањето на учесниците во протестите, а на граѓаните им порачува да не подлегнуваат на стравот, бидејќи нивната борба е автентична и слободоумна.

Пораката е јасна – да ја вратиме слободата и демократијата, велат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

Средба Зајкова – Кос: Македонија мора да биде подготвена како Исланд за членство, а ЕУ да биде искрена, брза и креативна во поддршката

Зајкова: Среќен и благословен Бајрам – исполнет со мир, хармонија и заедништво

Предраг Петровиќ

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Зајкова: Сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица од 1991 година до денеска

Предраг Петровиќ

ЛДП: Строги контроли не само во локалите, туку и во детските градинки, училиштата и други големи објекти

Аврамоска-Ѓореска: Не е само 8 март ден на жените

Горан Наумовски