ЗНМ бара Божиновски веднаш да биде ослободен

Од:

Здружението на новинарите на Македонија објави денеска Декларација посветена на новинарот Зоран Божиновски, кој е во затворот во Шутка откако е испорачан од српските власти, поради сомневања во случајот „Шпион“.

„Ние, македонските новинари од Собранието на Здружението на новинари на Македонија – упатуваме силна поддршка за нашиот неправедно обвинет и притворен колега Зоран Божиновски.

Бараме од судските власти Божиновски веднаш да биде ослободен од вина и да биде пуштен на слобода од Истражниот затвор во Скопје.

Колегата Божиновски на 7 ноември 2013 година беше уапсен во Нови Сад со потерница од Интерпол како еден од осомничените во случајот „Шпион“ со обвинение за злосторничко здружување, шпионажа и уцена според Кривичниот закон на Македонија и од тогаш се наоѓаше во екстрадиционен притвор. Поради неможноста во Македонија да му се овозможи праведен судски процес и поради политичкиот прогон, Божиновски во меѓувреме побара азил во Република Србија. Тој ја чекаше одлуката од слобода, но и покрај настојувањата на здруженијата на новинарите на двете земји српските власти да му дадат азил на Божиновски тие му го одбија барањето и тој на 21 овој месец експресно беше екстрадиран во земјава и притворен.

Уверени сме дека овој случај ќе биде забележан во историјата на македонското новинарство, како класичен пример за постигнување ефект на страв, дисциплинирање и самоцензура кај новинарите, истовремено уште една лоша порака за останатите новинари кои ги истражуваат врските на бизнисот, политиката и криминалот и целосно обесхрабрување на истражувачкото новинарство во земјава.
Нашата порака е јасна и недвосмислена – Божиновски мора да биде ОСЛОБОДЕН – ВЕДНАШ!!! Неприфатлив е било каков друг исход од ова политички монтирано обвинение за негова наводна кривична одговорност.

Колега Божиновски, ние членовите на ЗНМ, со оваа Декларација изразуваме подготвеност и те уверуваме дека со заеднички сили ќе ја водиме оваа битка до краj.“

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе четврта претставка до ЗНМ за повеќе прекршувања на новинарскиот Кодекс од страна Героски

ЗНМ: Остра осуда за нападот врз редакцијата на „Инфомакс“

Горан Наумовски

ЗНМ: Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места

Горан Наумовски

ЗНМ и ССНМ реагираат за начинот на постапување на полициски службеници кон новинари во пелагонискиот регион

Предраг Петровиќ

Нападната екипата на ТВ Алсат кај пожарот во Визбегово

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура