Ракометарите на Кил забележаа победа во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите над европскиот првак Барселона со 29:24. Германскиот тим го искористи домашниот терен и оствари убава предност од пет гола за реванш дуелот во Шпанија.
Најефикасен на натпреварот беше домашниот ракометар Доминик Клајн со 9 голови, додека голманот на Ландин имаше 13 одбрани.
Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров постигна 6 голови за Барселона.
На натпреварите одиграни во саботата. Македонскиот првак Вардар загуби пред својата публика од Веспрем со 26-29. Без победник заврши средбата меѓу Флензбург – Киелце 28-28, додека францускиот Париз Сен Жермен убеливо со 28-20 славеше победа на гостувањето кај хрватскиот шампион ППД Загреб.
Првиот реванш дуелите ќе се игра на 27 април, меѓу Киелце – Флензбург, на 30-ти закажани се возвратните мечеви, Веспрем – Вардар и Барселона – Кил, а последниот полуфиналист ќе биде познат на 1 мај по одигрувањето на мечот ПСЖ – ППД Загреб.