Дрска кражба на скапоцени слики од музејот во Преторија

Од:

Крадците кои дошле како посетители – студенти по уметност, заедно со својот “професор”, украле слики во вредност од над два милиони долари во текот на дрзок вооружен грабеж во музејот во Преторија соопштија властите на Јужна Африка.

Грабежот се случил вчера во Музејот на уметност во Преторија, главниот град на Јужна Африка.

Крадците, еден по еден купиле билети за музејот, по цена од 2,25 долари, потоа го замолиле кураторот да им покаже одредени слики во галеријата, а потоа извадиле пиштоли и го принудиле персоналот и посетителите да легнат на подот и ги врзале со лисици.

Потоа ги однеле сите слики за кои претходно се распрашувале. Сите слики се масло на платно, вклучувајќи ја и познатата слика на Јужно Африканската сликарка Ирма Стерн од 1931 година – Со бродови крај пристаништето, изјави портпаролот на градските власти.

“Студентите” оставиле една слика на Ирма Стерн, бидејќи не ја собирало во автомобилот со кој избегале од приватното обезбедување на музејот кое им било зад петици.

Музејот во Преторија е затворен на една недела, и за тоа време од него, како мерка на претпазливост, отстранети се сите вредни дела.

Музејот има камери, но тие во четвртокот, три дена пред кражбата, престанале да работаат.
Јужно африканските власти биле алармирани во случај крадците да се обидат да ги изнесат вредностите надвор од земјата.

Полицијата не сакаше да открие подетални информации за кражбата. Градските власти веруваат дека крадците се регрутирани за да украдат одредени слики.

Кражби на скапи уметнички дела се ретки во Јужна Африка, но портпаролот на Преторија рече дека во последниве години се забележува интерес кај странските пазари за одредени уметнички дела.

Кражбите на уметнички дела се третиот најдоходовен вид на криминал во светот – по дрогата и оружјето, наведуваат Интерпол и ФБИ.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска