Соколи го победија МЗТ за полуфинале во плеј-офот

Од:

Кошаркарите на Карпош Соколи со убедливи 83:68 го совладаа шампионот МЗТ Скопје Аеродорм и го обезбедија второто место на табелата. Со овој триумф „Соколите“ директно се пласираа во полуфиналето на плеј-офот, додека Куманово, кој очекуваше пораз на Карпош, ќе мора да игра четвртфинале, бидејќи заврши на третото место.

За шампионот МЗТ Скопје Аеродром, поразот нема посебно значење со оглед на уште од поодамна обезбедената прва стартна позиција.

Резултати на другите натпревари од последното (28.коло) на Првата кошаркарска лига:

Работнички – Кожув 75:76,
Бест – Куманово 63:93,
Фени Индустри – Струмица 82:67.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 52 бода, Карпош Соколи 49, Куманово 48, Фени Индустри 46, Кожув 41, Работнички 39, Струмица 33, Бест 28.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос