Ракометарите на францускиот првак ПСЖ остварија убедлива победа на гостувањето кај Загреб во рамки на првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите.
Предводник во победата на ПСЖ со 28:20 беше Микел Хансен со девет голови.
Пораз на домашен терен запиша и македонскиот шампион Вардар кој беше совладан од Веспрем со 29:26.
На третата четвртфинална пресметка епилогот на првиот натпревар е реми: Флензбург – Киелце 28:28.
Вечерва од 19:30 часот е дуелот Кил – Барселона.