Македонскиот шампион Вардар и унгарскиот првак Веспрем попладнево од 16 часот во Спортскиот ценар „Јане Сандански” го играат првиот меч од четвртфиналето во ракометната Лига на шампиони.
Тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалес ги има речиси сите расположливи сили, освен повредениот Филип Лазаров, кој неодамна почна да тренира.
Во составот на Вардар пријавени се: Штербик, Ангелов, Милиќ, Абутовиќ, Брумен, Циндриќ, Дибиров, Душебаев, Горбок, Карачиќ, Манасков, Македа, Марсениќ, Шишкарев, Стоилов, Тоскиќ.
Гостите од Унгарија ќе настапат со: Алиловиќ, Гулаш, Илиќ, Иванчик, Лекај, Маргуч, Миклер, Наги, Нилсон, Палмарсон, Родригес Вакеро, Шух, Слишковиќ, Сулиќ, Терзиќ, Угалде.
За Вардар ова е трето четвртфинале во низа и нова шанса за да се направи најголемиот чекор за пласман на „фајнл фор“ во Келн.