Обрван и официјално веќе не е селектор на ракометарите

Од:

Ивица Обрван и официјално повеќе не е селектор на македонската ракометна репрезентација, откако денеска Управниот одбор на РФМ ја прифати неговата оставка дадена по неуспехот на Олимписките квалификации во Полска.

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов рече дека размислувал за смена на селекторската позиција уште по Европското првенство на почетокот на годината.

– Размислував за смена на Обрван уште по Европското првенство, но разговорите со многу луѓе беа пресудни тој да остане со цел да не ги правиме истите грешки како во другите спортови. Одлучивме дека промената во пресрет на квалификациите може негативно да се одрази врз играта. Од денешен аспект може да се каже дека одлуката да не се смени селекторот веднаш по ЕП беше погрешна, изјави Мукаетов.

Новиот селектор ќе биде назначен од тричлената комисија, по распишување на конкурсот на кој ќе се пријават претендентите за предводник на македонските ракометари.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ