„Иванов со аболицијата, а СЈО со акциите ,,ТНТ” и ,,Траспортер” дефинитивно го соголеа Груевски. Ја урнаа неговата милион пати повторувана лага дека „пред законот сите се исти“. Додека тој и неговите најблиски, се на слобода и нема да одговараат за направените злодела, нивните заслепени помагачи – ,,помалите риби” ќе гнијат по затворите. Конечно на сите, а пред се на котрапротестантите им стана јасно дека вистинската негова девиза е: ,,некои ќе ги стига правдата, а нас најблиските аболицијата”.
Дефинитивно ова е јасна слика и порака и за масата заслепени, заблудени, уценети и други одработувачи кои досега служеа како евтино топовско дека ДПМНЕ е претворена во приватна сопственост, а се останато е во функција на опслужување и опстојување на владетелите. На сите им стана јасно дека сендвичите, водата и сладоледот се евтина, но исплатлива инвестиција за купување на уште некој ден за сопствен спас.
Фронтот за демократска Македонија – ФРОДЕМ го повикува Иванов да не глуми и недоветност и да покажува лицемерие повикувајќи ги политичките партии, потписнички на договорот од Пржино, како и правните експерти да понудат правно решение за излез од ситуацијата. Ако знаеше ,,сам” да ја замеша кашата со незаконската аболиција, треба да знае и сам да најде решение. А решението е само едно и единствено. Итно поништување на донесениот незаконски акт и негова оставка.
За ФРОДЕМ случувањата во МВР и создавањето паралелни структури на раководење се вовед во посакуваната граѓанска војна од страна на власта во заминување. Оваа нездрава ситуација е резултат на дејствувањето на партиските послушници и соизвршители на кривични дела. Апелираме до министерот Спасовски како најодговорно лице во МВР, според Уставот и законите, да ги превземе сите неопходни мерки за доведување на ситуацијата во нормала, а сите личности кои го нарушиле системот и создале паралелни структури да бидат процесуирани согласно позитивните законски прописи“, соопштуваат од ФРОДЕМ.