Претседателот на САД Барак Обама и неговата сопруга Мишел пристигнаа денеска во замокот Виндзор во кој ќе ручаат со британската кралица Елизабета и нејзиниот сопруг принцот Филип.
Обама и првата дама на САД пристигнаа со хеликоптер на американските маринци во Виндзор, пред кој ги пречекаа британската кралица и нејзиниот сопруг.
Кралицата Елизабета вчера го прослави 90-тиот роденден, а Обама вети дека роденденот ќе и го честита лично.
Американскиот претседател подоцна денеска ќе вечера со принцот Вилијам, неговата сопруга Кејт и неговиот брат принцот Хари во Кесингтон палатата во Лондон.
За време на посетата Обама ќе се состане и со британскиот премиер Дејвид Камерон.