(ВИДЕО) Кирацовски: Арсовска -Томовска направи дело со списокот на вработени за кое се оди во затвор

Од:

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски денеска обвини дека без негов потпис министерката Марта Арсовска Томовска  до Државната изборна комисија (ДИК) доставила неточен и на несоодветен начин пополнет список со вработени во јавниот сектор и оти  нема правно дејство.

Ве известувам дека министерката Арсовска Томовска, сакајќи да ја избегне мојата контрола, сама до ДИК доставила неточен и на несоодветен начин пополнет, Список со вработени во Јавниот сектор, без мој потпис.

Потсетувам дека овој Список е еден од клучните предуслови за фер и регуларни избори, бидејќи од него ДИК избира членови на изборните органи кои ги спроведуваат изборите.
Ова е уште еден доказ дека Никола Груевски и неговите соработници прават `се во Македонија фер и регуларни избори да нема.

Во Македонија може да има и ќе има само фер и регуларни избори.

Сакам да ве информирам дека со Допис се обратив до ДИК да го врати половичниот, аматерски направен Список, по терк на Груевски и неговата истурена рака во министерството, Арсовска Томовска.

Списокот е пополнуван преку несоодветни формулари, внесувани во ексел табели, наместо во соодветниот софтвер.

Во Дописот што го доставив до секој член на ДИК поединечно, потенцирав дека доколку го прифатат овој список, ќе сторат кривично дело за кое се оди во затвор.

Исто така потенцирав дека списокот поднесен без двоен потпис од министер и ДЗМ, нема правно дејство.

Ете поради ваквиот начин на владеење Македонија е на нозе.

Доаѓа слободна и демократска Македонија, а сите носители и соработници на режимот ќе одговараат.

Би можело да ве интересира

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт