Македонската заедница во Велика Британија и пријателите на Македонија, во знак на солидарност со #Протестирам, на 23.април, сабота организираат протест во Хајд Парк во 16 часот.
„Ние, Македонската заедница и пријатели на Македонија во Велика Британија, организираме протест во знак на солидарност со граѓанските протести во Македонија за слобода, правда и еднаквост.
Најпрво, изразуваме загриженост за политичките случувања во Македонија. Второ, длабоко ја осудуваме одлуката на Претседателот за амнестија на политичарите кои се обвинети за измама, корупција и други сериозно криминални активности кои го повредуваат владеењето на правото во земјата. Трето, целосно ги поддржуваме демонстрантите и бараме:
Итно повлекување на одлуката да се аболицира кој и да е кој е под истражна постапка или кривично гонење од страна на Специјалното јавно обвинителство.
Неотповиклива оставка од Ѓорѓе Иванов од позицијата Претседател на Република Македонија.
Итно произнесување на Уставниот суд за уставноста на Специјалното јавно обвинителство.
Формирање на специјално одделение во Кривичниот суд за случаите покренати од СЈО.
Итно повлекување на одлуката за организирање на парламентарни избори на 5.јуни.
Итно вклучување на претставници на независното граѓанско општество во процесот за решавање на кризата.
Формирање на преодна Влада која целосно ќе ги имплементра Итните реформски приоритети од Извештајот на Прибе.
Ги покануваме и релевантните меѓународни институции, особено Канцеларијата за надворешни на Велика Британија, Европската комисија, Американскиот Стејт Департмент, НАТО…за итно и одговорно вклучување во решавањето на политичката криза.
За мир, правда и демократски промени во Македонија“, стои во повикот на организаторите.