ФРОДЕМ: Сите изманипулрани граѓани контра-демонстранти се соучесници во поттикнувањето на братоубиствен конфликт

Од:

„Во пресрет на денешниве протести и контрапротести ФРОДЕМ ги потсетува граѓаните на Република Македонија дека член 16 од Уставот на Република Македонија го гарантира слободата на уверувањето, совеста и јавото изразување на мислата. Секој оној кој што со сила, заплашување, уценување, малтретирање или со сериозна закана ќе присили друг да стори или да не стори или да трпи нешто треба да знае дека тоа е казниво со кривичниот законик на Република Македонија.

Партиските војници и платеници, шетачи од една во друга и трета партија, лицата кои земаат плата, а не одат на работа, „петоколонашите“, „гдомовците“ и другите т.н „јастреби“ и „гребатори“ кои се во функција на мобилизатори на насилното партизирање и мобилизирање, во најблиска иднина ќе се соочаат со санкции за овие кривични дела за кои е предвидана казна затвор во трање од 6 месеци до 5 години.

Дополнително, за овие контраши, контрамитингаши и обезбедувачи на бројки гласачи за протестите и изборите постојат сериозни сознанија за начинот на кој експресно напредувале во својата кариера, за простувани долгови кон државата и долговите за комуналните услуги. Прашање е на ден кога ќе мора целата ситуација и случувањата со нив да бидат вратени во првобитната состојба. Ова значи дека  на нивните места ќе се вработат кадри кои со години чекаат работа, а долговите кон државата ке мораат да бидат намирени. Станува збор за десетина илјади вакви случаи!

ФРОДЕМ ги потсетува сите свесно и несвесно изманипулрани граѓани, вработените во државната управа и јавните служби дека согласувајќи се да учествуваат на контрапротести доведени се во ситуација да бидат соучесници во поттикнувањето на братоубиствен конфликт кој е погубен за нашата држава. Се работи за едно од најтешките кривични квалификации и повреди на македонстото кривично законодавство.

Сите овие лица треба да бидат свесни дека нивните ментори и наводни заштитници после денешниов и утрешниот ден, веќе се спремни целосно да ги кренате рацете од нив и екпресно да ги заборават, заради сопствениот спас и добивање поблага казна“, соопштуваат од ФРОДЕМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска