ГРОМ: Нелогични барањата на Заев

Од:

Лидерот на Граѓанската опција за Македонија, Стевчо Јакимовски денеска на прес-конеференција ги оцени како небулозни и нелогични најновите барања на претседателот на СДСМ Зоран Заев и побара од лидерите на останатите три големи партии да не подлегнуваат на тие барања, оти вели, судбината на граѓаните на Република Македонија се наоѓала токму во нивни раце.

– Овој пат, тој им поставува услови на целата Меѓународна заедница и на комплетниот политички естаблишмент во Република Македонија. Тоа што тој поставува нови барања, нас воопшто не нѐ чуди, како и тоа што ваквите работи ги толерира дел од меѓународната заедница како и одредени амбасадори, но, во ниеден случај не можеме да разбереме како и натаму го толерираат останатите потписници на Пржинскиот договор, рече Јакимовски.
Во однос на моменталната политичка состојба во државата тој рече дека мора да има избори на 5. јуни.

– ГРОМ смета дека повеќе ниту милиметар, не смее да му се попушти на Зоран Заев. Сметаме дека треба да одиме на избори на 5-ти јуни, и ако тој не е подготвен да оди на овие избори, како што вели тој, ако не му е чист избирачкиот список, да оди и да го праша Чичаковски, зошто тој не го исчистил списокот. Ако медиумите му се нерегулирани, тогаш нека си го прочита Изборниот закон, таму се до детал регулирани медиумите. И конечно ако не е подготвен да настапи на избори, ништо страшно, не е крај на светот. Тоа значи дека тој и неговата партија треба да се подготвуваат за нови избори. Но, натаму да ја држи во заложништво Репувблика Македонија – тоа е аполутно недозволиво, вели лидерот на ГРОМ Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Централна пошта да стане Градски инспекторат и Центар за урбано планирање

Катерина Ѓуровски

Трајановски: ГТЦ ќе биде дом на градот, младите и културата – повторно симбил на Скопје

ГРОМ: Згрозени сме од одлуката на АВМУ Левица биде исклучена од покривање на трошоците за медиуми во кампањата за локалните избори

Катерина Ѓуровски

Гром уби човек во Црна Гора

А1он

Од удар на гром во САД: Загина маж, 13 повредени, четири деца се хоспитализирани

Тројца загинати и четворица повредени – гром удри на плажа во Русија

А1он