Средба на министерот Спасовски со амбасадорот Безак

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со aмбасадорот на Словачка Република во Република Македонија, Мартин Безак.

На средбата е потпишан меморандум за разбирање меѓу министерствата за внатрешни работи на Република Македонија и на Словачка Република за заеднички патроли на територија на Република Македонија во рамки на заеднички операции.

Со потпишување на овој меморандум за разбирање, соопшти денеска МВР, се утврдува постапката за испраќање словачки полициски службеници на територија на Република Македонија за поддршка на македонските полициски службеници во насока на поуспешен надзор на македонско – грчката граница.

– Двајцата соговорници разговараа и за  продлабочувањето на политичката криза во Република Македонија со незаконската одлука на Владата за одземање на надлежностите на министрите Спасовски и Ременски и одлуката на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов за општо помилување на сите политичари, која предизвика огромно незадоволство меѓу граѓаните, стои во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он