Има подобрување на состојбите во Општата болница во Велес по стапувањето на новиот менаџерски тим предводен од директорот Ане Василев и тоа особено во делот на хигиената и во еден дел на организацијата во болницата.
Ова го изјави министерот за здравство Никола Тодоров кој денеска заедно со стручен тим од врвни лекари и стручњаци од скопските клиники, ја почна петдневната посета на Општата болница во Велес, во рамки на Кајзен проектот на Министерството.
По обиколката на сите одделенија и увидот на лице место на состојбите и разговорите со раководниот и стручен тим лекари на болницата, министерот Тодоров изрази надеж дека за наредните пет дена ќе имаат повеќе мерки и активности кои ќе се обидат да ги решат.
Во врска со болничката мртовечница, министерот Тодоров информира дека проектот е завршен и оти сега ќе биде објавен тендерот за најдобар изведувач на работите за нејзино целосно реновирање.
Стручна помош на лекарите од велешката боплница денеска им даваше доктор Миодраг Врчаковски, кој изјави дека е многу одличен еланот за работа на неговите колеги од велешката болница.
– Колегите веќе се добро обучени за работата со компјутеризираната томографија, а тоа значи дека тие дневната норма си ја извршуваат, а денеска им помагав во обработка на некои случаи кои беа проблематични, потенцира доктор Врчаковски.