Поради дефект на водоводната линија во Кавадарци, без вода за пиење од регионалниот водовод „Лукар” денеска останаа жителите на Росоман и селата Манастирец и Рибарци.
– Наши работници интензивно работат на отстранување на дефектот и се очекува во најскоро време проблемот да биде надминат, рече Марјан Прескакулев, раководител на организационата единица за водовод, при јавното претпријатие Комуналец од Кавадарци.
Прескакулев информираше исто така дека поради топлото време во изминатите неколку дена, се зголемила и потрошувачката на вода за пиење. Инаку, работници на комуналното претпријатие биле ангажирани и на реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Праведничка” во Кавадарци.