Општина Центар целосно ја реконструираше улицата „Никола Тримпаре“

Од:

„Една од најоштетените улици во населбата Буњаковец, сега е целосно реконструирана. Коловозот и тротоарите, во должина од 180 метри, се комплетно обновени, изваден е стариот слој, направена е нова бонификација на тлото и според сите стандарди за изградба на улична мрежа, поставен е нова тампонска подлога. Овој слој е цврст, стабилен и нема опасност од пропаѓање.

ул. Никола Тримпаре (1)

Новиот асфалт е од два слоја и ги задоволува светските стандарди. На тротоарите се наредени нови бехатон плочки. Сите кабли на операторите се вметнати под земја, отстранети се старите бандери, кои ја нарушуваа сликата и движењето по улицата “Никола Тримпаре“, која е на значајно место, меѓу основното училиште “Ј.Х.Песталоци“ и матичниот објект на градинката “13-ти Ноември“.

ул. Никола Тримпаре (4)

Сега е овозможено безбедно движење по улиците, а косините на тротоарите овозможуваат пристап на лица со посебни потреби, инвалидски колички и велосипеди.

И овој проект е дел од акцијата на општина Центар “Нова пролет, нова офанзива!”. Во овој дел на Центар, наредна улица која комплетно ќе се реконструира е “Апостол Гусларот“, соопштуваат од Општина Центар.

ул. Никола Тримпаре (3)

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски