Русеф најави дека нема да си замине од претседателската функција

Од:

Бразилската претседателка Дилма Русеф изјави дека нема да се повлече од функцијата и покрај тоа што Долниот дом на Парламентот гласаше за поддршка на импичментот покренат против неа.

Русеф истакна дека не ја разгледува можноста за предвремени претседателски избори

Претседателката изјави дека ќе продолжи да се бори против оние, кои се обидуваат да ја остранат од функцијата.

Таа го обвини потпретседателот Мишел Тремер за заговор против неа.

– Многу сум разочарана поради тоа, но имам сила, дух и ентузијазам да се борам до крај, рече Русеф на прес-конференција.

Според неа, ова е само почетокот на битката, која ќе трае.

– Чувствувам дека против мене се извршува неправда, нагласи таа и додаде дека процедурата за импичмент потив неа нема законска основа.

– Сите работи за кои ме обвинуваат, биле извршени и од претходните претседатели на земјата. И никогаш не се сметале за незаконски или криминални. Затоа сум збунета, бидејќи кон мене не се однесуваат исто, како кон моите претходници, додаде таа.

Откако Долниот дом го поддржа импичментот на Русеф, процесот сега треба да оди во Федералниот сенат. Доколку и Горниот дом го поддржи импичментот, Русеф ќе биде времено отстранета од должноста, додека против неа се води делото.

Таа е обвинета за нарушување на буџетските правила.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск