Голема корупциска афера во Хрватска: Се апсат доктори

Од:

Управата за спречување корупцијаи организиран криминал (УСКОК), спроведува акција во која се апсат лекарите од општа пракса во Хрватска, поради сомневање дека со години земале мито, за да ги препишуваат лековите на компанијата „Фармал“.

Како што пишува Јутарни лист, истрагата траела речиси три месеци и покажала дека стотина лекари ширум Хрватска земале мито за на пациентите да им препишуваат лекови од фармацевската компанија „Фармал“.

Слободна Далмација јавува дека во акцијата наречена „Хипократ“, уапсена е и цела управа на „Фармал“.

Освен лекарите и управата, уапсени се и 27 теренски работници на компанијата.

Хрватските медиуми наведуваат дека ќе бидат покренати околу 50 кривични, а Јутарни додава дека биле истражувани над 600 лекари во цела Хрватска.

 

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик