Македонски железници Транспорт АД – Скопје вечерва соопшти дека пругата Скопје – Солун е се уште затворена за сообраќај и покрај најавите за нејзино деблокирање.
За блокадата претпријатието ги известило сите меѓународни организации, како и за последиците од неа.
– Со ваквата ситуација која трае повеќе од еден месец Македонски Железници Транспорт АД не е во можност да го реализира сообраќајот на овој правец, што дополнително предизвикува проблеми за корисниците на превоз во товарниот сообраќај, а со тоа и стопанството на Република Македонија. За ваквата ситуација Македонски Железници Транспорт АД Скопје ги извести сите меѓународни организации чија надлежност е железничкиот сообраќај и транспорт и за последиците до кои оваа блокада доведува со спречувањето на основното начело на ЕУ, а тоа е непречено движење на стоки и лица, се наведува во соопштението од Македонски Железници Транспорт АД.