21:45: Заврши протестот во Скопје против одлуката на Иванов за аболиција на политичарите и изборите на 5-ти јуни.
21:20: Откако граѓаните истурија боја и прашок во фонтаната, таа експресно беше изгасена
20:37: Илјадници граѓани бараат оставки од Владата
20:27: Од пред Министерството за култура демонстрантите се упатија кон Владата на Република Македонија.
20:07: И Министерството за култура обоено во различни бои
20:05: Демонстрантите одат кон Министерството за култура, а полициијата ги очекуваше пред Владата.
19:48: Демонстрантите од плоштадот се упатија кон Владата на РМ. Откако започнаа протестите против одлуката на Иванов за аболиција на политичарите, граѓаните денеска најмасовни во својот револт
19:45: Во Фонтаната на градскиот плоштад демонстрантите истурија боја и прашок.
19:42: Гениталиите на лавот во фонтаната, обоени во црвено
19:32: Масата народ се движи од Собранието кон Плоштадот
19:26: Граѓаните пред Собранието скандираат „Но пасаран„ , „Нема правда нема мир“. Според нив, Без оставка и нова техничка влада, нема да сопрат протестите.
19:23: Од пред Собранието, демонстрантите порачаа дека нема преговори во овие услови и кажаа дека претходно треба да се исполнат неколку работи, пред се повлекување на аболицијата на Иванов, потоа негова неотповиклива оставка.
18:18: Граѓаните повторно масовно се собираат пред Специјалното јавно обвинителство како поддршка за тимот на Катица Јанева.