Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со пласманот во полуфиналето на фјучрсот во Истанбул и освоените 34 поени се проби на 277. место на ВТА листата што е нејзин најдобар ранг во кариерата.
Ѓорческа од квалификациите стигна до полуфиналето и имаше победи на шест меча (по три во квалификациите и на главниот турнир).
Воедно таа напредуваше 34 позиции бидејќи претходната недела беше на 311.место.
Ова е за првпат македонската тенисерка да биде рангирана под 300-то место, што значи дека ќе може да учествува и на турнири со поголем награден фонд, а притоа да не игра во квалификации.
Во конкуренција на двојки се наоѓа на 268.место со 243 поени.