Општина Центар: Опомена пред казна за кафулињата на „Ленинова“

Од:

„Граѓаните се жалат дека по најфреквентната Дебар маалска улица „Ленинова“, практично мораат да се движат по коловозот. Терасите од кафулињата се протегаат до самиот крај на тротоарите, а автомобилите се паркирани од двете страни на улицата.

Поради загрозената безбедност и многуте реакции, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски излезе на терен со овластените инспектори и констатираа грубо прекршување на Одобренијата за поставување на урбана опрема.

Сопствениците на кафулињата од денеска имаат рок од 10 дена да ја отстранат незаконски поставената урбана опрема согласно Одобрението издадено од Град Скопје.

Leninova (1)

Ова е опомена пред казна. За непостапување по Одобрението, надлежните ќе изречат казни, согласно член 14 став 1 алинеа 11 и член 29 од Законот за јавна чистота, и тоа глоба во износ од 4000 евра за правното лице и глоба во висина од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече за прекршокот на оговорното лице во правното лице.

Оваа акција, општина Центар ќе ја реализира на сите улици на својата територија, каде што, поради незаконски поставена урбана опрема, се загрозува безбедноста на граѓаните“, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски