Парк Геун-Хе: Северна Кореја подготвува петта нуклеарна проба

Од:

Јужнокорејската претседателка Парк Геун-Хе денеска ги потврди информациите од медиумите кои, повикувајќи се на разузнавачки извори, објавија дека подготовките на Пјонгјанг за петта нуклеарна проба се во завршна фаза.

– Воочени се показателите дека се подготвува пети нуклеарен тест, истакна Парк.

Како што јави Јонхап, таа нагласи дека Северна Кореја би можела да ја изврши оваа проба со цел да го подигне моралот на своите граѓани, во време кога земјата трпи остри меѓународни санкции воведени по извршеното четврто нуклеарно тестирање и истрелање ракета со долг дострел на почетокот од годинава.

Северна Кореја се подготвува за конгреес на владејачката партија на почетокот од следниот месец, кој ретко се одржува и е многу значаен, а се очекува лидерот Ким Џонг-ун на собирот „да ги понесе заслугите“ за унапредување на програмата за нуклеарно вооружување на земјата.

Повеќето аналитичари сметаат дека режимот може да изврши и петта нуклеарна проба, со цел да се покаже пркос и сила пред одржувањето на конгресот.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт