Поранешниот најдобар светски тенисер Рафаел Надал со триумфот во Монте Карло го освои првиот трофеј во 2016 година.
Тој во три сета (2:1) го победи Французинот Гаел Монфис и по девтти пат триумфираше на овој турнир.
– Ова беше важна недела за мене. Очигледно е дека се чувствувам многу подобро од минатата година. Победата потврдува дека сум во добра состојба и тоа ме радува. Монте Карло е едно од најважните места во мојата кариера, а триумф по три години тука е навистина посебен, изјави Надал.
Надал со победата на турнирот успеа да ја намали бодовната разлика на АТП листата. Тој и натаму е на петтото место, но Стан Вавринка кој е пред него има помалку од 1.000 бодови предност.
На првите три места се наоѓаат Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј и Рожер Федерер. Надал во Монте Карло го играше своето 100. финале и стигна до 68-от трофеј.
Надал оваа недела ќе игра на турнирот во Барселона.