Во Скопје викендот 33 сообраќајки со 26 повредени

Од:

Сообраќајната полиција на подрачјето на СВР Скопје викендов изврши увид во 33 сообраќајни незгоди во кои во две со тешки телесни повреди се здобиле двајца пешаци, а во 16 полесно се повредени 24 лица.

Какошто информира МВР, во петокот во две сообраќајни несреќи со тешки телесни повреди се здобиле двајца пешаци, во шест со полесни повреди се здобиле седум лица, а шест поминале само со материјална штета.

Во саботата извршен е увид во 12 сообраќајни незгоди, од кои во шест полесно се повредени 11 лица, а шест се само со материјална штета.

Вчера е извршен увид во седум сообраќајни несреќи од кои во четири полесно се повредени шест лица, а во три е предизвикана само материјална штета.

Сообраќајната полиција во изминатите три дена санкционирала 36 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, осум возачи што не ги почитувале правилата за првенство на минување на крстосница, шест возачи  што поминале на црвено светло на семафиорите и 12 возачи што управувале возила под дејство на алкохол поради што се исклучени од сообраќај.

Санкционирани се и 21 возач што не користеле сигурносен појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето со возилата, а со помош на специјалното возило „Пајак“ отстранети се 25 возила.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава