Протест пред Амбасадата на Македонија во Вашингтон

Од:

„Денес сме дојдени овде на протест пред Амбасадата на Македонија во Вашингтон, за да им дадеме поддршка на нашите сограѓани кој протестираат за владеењето на правото, за слободата, и за демократијата во Македонија.

Ги поддржуваме нашите сограѓани во нивните барања – оставка на претседателот Иванов, отпочнување на процес за избор на експертска влада, и итно суспендирање на отпочнатиот процес за оддржување избори во Јуни.

Ние како граѓани на Република Македонија во дијаспората имаме одговорност јасно и гласно да го изразиме нашето незадоволство од ситуацијата во Македонија.

12718015_10207749939138282_1528630135930754873_n

Исто така би сакал да пратам личен апел до полицијата и граѓаните кој сеуште не се осмелиле да излезат на протест.

Прво до полицијата: Спуштете ги штитовите, се работи за подобар живот за вас и за вашите семејства.

До мојте сограѓани кој сеуште не излегле да протестираат: Излезете и не давајте друг да ви ја крои иднината.

Ако не сега, кога? Ако не ние, кој?“, велат од „Потестирам од Вашингтон“.

Би можело да ве интересира

Смртта на 11-годишната Лијан предизвика гнев во Франција

Шест месеци чекаат плата: Вработени од Клиниката за детски болести на протест

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“

(ВИДЕО) Огромен десничарски протест во Лондон, се одржа и пропалестински марш

А1он

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование