Без победник заврши дербито на колото во Лига 1 одиграно синоќа меѓу домашниот тим и бранител на шампионската титула Монпеље и лидерот ПСЖ.
Парижаните и покрај тоа што беа со играч помалку од 10.та минута поради исклучувањето на Мамаду Сахо, први дојдоа во водство со голот на Максвел во 37.минута. Конечните 1:1 ги постави Реми Кабела во 60.минута, а пет минути подоцна, Џонс Беланда доби втор жолт картон, па и домаќините останаа со 10 играчи со што до крајот се воспостави играчка рамнотежа.
Постигнати резултати на другите натпревари од 12.коло во Француското фудбалско првенство: Нанси – Рен 1:3, Лил – Брест 1:0, Сент Етиен – Троа 2:0, Тулуз – Ајачио 2:4, Ремс – Евиан 1:2 и Бастиа – Валенсиен 2:3, Олимпик Марсеј – Ница 2:2, Сошо – Олимпик Лион 1:1 и Лориен – Бордо 0:4.
Табела: ПСЖ 23 бода, Олимпик Марсеј 23 (натпревар помалку), Олимпик Лион 22 (натпревар помалку), Сент Етиен 21, Валенсиен 21, Бордо 21, Лил 20.