Македонската ракометна репрезентација до 18 години го освои петтото место на меѓународниот турнир „Ракометот е мојата иднина“ во Бугојно.
„Црвено-жолтите“ денеска во дуелот за пласман го совладаа Катар со 29:28, што е втора победа за Македонците над катарската селекција на овој турнир.
Седмото место и припадна на Австрија по победата над Босна и Херцеговина со 28:23.
За трофејот ќе се борат Хрватска и Полска (почеток 16:30 часот), а претходно за третото место ќе играат Србија и Словенија.