Движењето БЕСА: Ги поддржуваме протестите на цивилното општество против режимот

Од:

Вчера се собра Централното Претседателство на Движењето БЕСА, која – меѓу другото – дискутираше и за протестите кои се одржуваат деновиве во Скопје.

Повикувајќи се на претходните заклучоци донесени од Централното Претседателство на Движењето БЕСА, како и на ставот на САД и ЕУ дека не се исполнети неопходните услови за фер и демократски избори, но и на фактот дека Претседателот на државата за малку ја укина работата на Специјалното Јавно Обвинителство, па дури и го стави во опасност и самиот Договор од Пржино, затоа Движењето БЕСА одлучи да ги поддржи сите активности на цивилното општество кои се организираат со цел спречување на одржувањето на изборите на 5 јуни, како и да се спасат веќе урнатите институции на државата и да се возврати демократијата во земјата.

Заради овие причини, и исто така имајќи во предвид дека овој режим е докажан и како антиалбански, анти-НАТО и анти-ЕУ и кој ја зграпчил политичката волја на Албанците – опфакајќи ги албанските владејачки партии, Движењето БЕСА ги поддржува овие протести бидејќи тие се последниот начин за спасување на земјата и враќање на демократијата.

Би можело да ве интересира

Вработените на „Паркови и зеленило“,„Флораком“ и „Луна“ најавуваат протести секој ден

(ВИДЕО) Колумбијците протестираат против Трамп, четворица полицајци повредени со стрели

Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и многу други случаи на фемициди

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

„Ниту една повеќе!” – протест против насилството врз жените

А1он

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа