Вратите на Алијансата се отворени и трендот на прашкиот Самит на НАТО пред десет години, за пристапување на нови членки продолжува.
Ова го порача Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен обраќајќи се на денешната пленарна седница на 58.годишно заседание на Парламентарното собрание (ПС) на НАТО, што од 9-12 ноември се одржува во Прага.
Расмусен, како што јави дописникот на МИА од чешката метропола, се посвети на трендот на намалувањето на буџетите за одбрана на земјите членки, поради актуелната економска криза и се заложи за спречување на нова т.н безбедносна криза.