Надал со пресврт до победа над Мареј за финале во Монте Карло

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал избори пласман во финалето на Мастерс турнирот во Монте Карло.

За Шпанецот ова ќе биде можност да се бори за трофејот, кој го освојуваше осум пати досега, а воедно ќе го игра и своето јубилејно 100-то финале во кариерата.

Денеска во првото полуфинале на турнирот, Надал го победи Енди Мареј (Велика Бритнија) за нешто помалку од три часа игра со резултат 2-1, по сетови 2:6, 6:4 и 6:2.

Противник во финалето на шпанскиот тенисер ќе му биде победникот од второто полуфинале кое е во тек, а во него играат сонародниците од Франција, Жо-Вилфред Цонга и Гаел Монфис.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ