На годинашнава „Питијада“, која синоќа заврши во Велес биле изедени рекордни 15 илјади пити и испиени 10 тони вино, информира Катица Чадиева од општина Велес.
Традиционалната „Питијада“ и годинава ја организира општина Велес во соработка со угостителите и винариите од градот, а во рамки на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Велес – 9 ноември.
На „Питијадата‘‘ годинава учествувале 15 угостители – производители на традиционалната велешка пита пастрмајлија и десет винарии.
Покрај велешани „Питијадата“ викендов ја посетија и голем број граѓани од Скопје, Кавадарци и останатите градови.
Организаторите се задоволни од годинашната манифестација која првпат траеше три дена. Велешката пита пастрмајлија има традиција на подготвување повеќе од 140 години.